За време на средбата во БиХ, министерот Османи ќе се состане со неговата колешка, шефицата на босанската дипломатија Бисера Турковиќ, а главни теми на разговор како што соопшти МНР, ќе бидат билатералните односи, соработката и можностите за натамошно надградување на соработката во интерес на двете држави и граѓани
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина.
Како што информира Министерството за надворешни работи, Османи во БиХ ќе се состане со вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, а главни теми на разговор ќе бидат билатералните односи, соработката и можностите за натамошно надградување на соработката во интерес на двете држави и граѓани.
Во фокусот на разговорите посебен интерес ќе биде посветен на процесот на интеграцијата во Европската Унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, воениот конфликт во Украина, нговото влијание врз нашиот регион и пошироко.
Како што додава МНР, се очекува Османи да биде примен и во Претседателството на Босна и Херцеговина.
