Резултатите од јулските избори доведоа до речиси истата конфигурација на бугарскиот парламент како на оние во април, но овој пат, социјалистите кои се трета политичка сила и може да влијаат врз изборот на новата влада, уште вечерва соопштија дека ја откажуваат безусловната поддршка која пред неколку месеци му ја дадоа на Слави Трифонов за да биде мандатар.
„Ако овој пат, т.н. партии на протестот (Има таков народ, Демократска Бугарија и Излез надвор н.з) навистина сакаат влада, тогаш ќе мора да разговараат со нас. Партијата на Слави Трифонов вече не може да смета на нашата безусловна поддршка, која левицата им ја понуди по изборите на 4 април. Ако сакаат, ќе треба да не поканат и да преговараме“, изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова.

Иако и овој пат резултатот на БСП беше незадоволителен, Нинова појасни дека исто како и во април, нејзината оставка не доаѓа предвид бидејќи државата има поважни нешта кои и претстојат, свикување на парламентот и евентуални преговори за нова влада.
„Партиите на протестот“ пред изборите укажуваа дека се отворени за соработка со сите идни парламентарни групи, но не и со партиите на статус-квото, за кои ги сметаат ГЕРБ на Борисов и БСП на Нинова.