Борисов изјави денеска дека ГЕРБ, како второрангирана партија по последните избори, ќе го врати мандатот за формирање влада веднаш откако ќе го добие, ама прво ќе претстави предлог-кабинет, предводен од Даниел Митов
Сепак ќе има гласање во бугарскиот парламент, но не за избор на влада, туку, практично, за „оставката“ на кандидатот за премиер на „Има таков народ“, Пламен Николов, одлучи вонредниот претседателски совет кај спикерката Ива Митева.
Како што јавуваат медиумите во Софија, гласањето во пленарната сала ќе се реализира како прва точка на утрешната седницат, но кандидатурата на Николов за премиер или неговиот предлог -кабинет нема да подлежат на гласање, „а неговата лична волја ќе биде повлечена од постапката“.
„ Треба да има конечен чин на Собранието. Чинот на претседателот е конечен, стабилен и отсега топката е кај нас. Ова е наш натпревар и не можеме да избегаме од одговорноста да ја финализираме постапката
изјави Николај Хаџигенов од „Стани БГ! Доаѓаме!,“ по состанокот на вториот вонреден совет
Тој оцени дека случајот е правен преседан, бидејќи таква ситуација досега не се појавила и мора да се реши на најдобар начин, со одржлив правен акт. Исто така, се пошегува дека не постои опасност парламентот да го принуди Пламен Николов да биде премиер.
„Мора да има акт на Националното собрание со цел да се објективизира волјата на пратениците и да може да се следи текот на уставната процедура, а претседателот да може да издаде втор указ за давање на вториот мандат“,
потврди Десислава Атанасова од ГЕРБ, посолувајќи дека личната волја на Николов мора да се почитува, со цел уставната процедура да продолжи нормално“
Атанасова ја потврди одлуката на ГЕРБ, како второрангирана партија по последните избори, да го врати мандатот за формирање влада веднаш откако ќе го добие. Сепак, како што рече, ГЕРБ ќе претстави предлог-кабинет, предводен од Даниел Митов, кого Бојко Борисов го предложи за мандатар и по претходните парламентарни избори во Бугарија, во април годинава.
„Ако мандатот дојде кај нас, ќе го претставиме нацрт-кабинетот на Даниел Митов, затоа што сме отворени и сакаме граѓаните да знаат што предлагаме, ама веднаш откако ќе го презентираме ќе го вратиме мандатот“,
изјави денеска Борисов, посочувајќи дека ГЕРБ не е виновна што другите партии во Бугарија не можат да се договорат за Влада.