Денков и Продолжуваме со промените за формирање влада во моментов ја имаат поддршката само од Демократска Бугарија, Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Бугарски подем
Станува збор за втор обид за формирање влада во Бугарија откако претходно тоа не ѝ успеа на коалицијата ГЕРБ-СДС. Народните избраници на 14 декември 2022 година не ја одобрија кандидатурата за премиер на Николај Габровски од ГЕРБ-СДС, кој го доби првиот мандат за формирање влада
Овој мандат го добивате на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, кога со надеж и очекување бараме повеќе разум, дијалог и разбирање, за единство околу приоритетите важни за нашата земја. Верувам дека времето од оваа недела ќе го искористиме за да ја побараме потребната поддршка од другите политички сили. Така што во рок од седум дена треба да се вратите со исполнет мандат и предлог состав на министерскиот совет, изјави претседателот Румен Радев по врачувањето на мандатот за состав на нова бугарска влада на академик Николај Денков од Продолжуваме со промените.

Станува збор за втор обид за формирање на влада во Бугарија откако претходно тоа не ѝ успеа на коалицијата ГЕРБ-СДС. Народните избраници на 14 декември 2022 година не ја одобрија кандидатурата за премиер на Николај Габровски од ГЕРБ-СДС, кој го доби првиот мандат за формирање влада.
Неговиот предлог за владин кабинет доби поддршка од 113 пратеници во бугарскиот парламент, но „против“ гласаа 125 пратеници.
Новиот мандатар Николај Денков рече дека во име на Продолжуваме со промените го прифаќа овој втор мандат со јасна свест дека задачата што ја има пред себе е исклучително тешка.
„Многумина дури велат дека тоа е невозможно. Сепак, ние сме убедени дека мора да направиме се што е потребно за формирање влада во сегашниот мандат. Многу проблеми се натрупаа, многу реформи се одложија и ни треба влада која ќе ги зближи луѓето и ќе ги решава нивните проблеми. Затоа го сменивме пристапот кон подготовка и спроведување на овој мандат. Празниците ги искористивме да дефинираме четири национални цели кои веруваме дека ги зближуваат луѓето и политичките формации и да направат список на активности кои доколку се спроведат во 2023 година ќе не доближат до исполнување на овие национални цели и ќе ја вратат довербата на луѓето во политичарите“,
рече Денков, пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Денков и Продолжуваме за промените во моментов за формирање влада ја имаат поддршката само од Демократска Бугарија, Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Бугарски подем.
„Многу се надевам дека ќе се приклучат и другите политички сили. Доколку оваа нацрт-декларација биде поддржана од мнозинството, ќе го вратиме мандатот со список на министри. Ако не го добие, ќе го вратиме мандатот неисполнет. Се надевам дека наредните денови ќе бидат исполнети со разум. Ви доставувам копија од оваа декларација“,
рече по врачувањето на мандатот, кандидатот за премиер на „Продолжуваме со промената“ академик Николај Денков.
Нацрт-декларацијата што ја споменува Денков беше најавена од Продолжуваме со промените на вториот состанок со останатите политички партии во врска со консултациите за состав на иден владин кабинет, а на која присуствуваа само претставници од ДБ, БСП и БП. Во декларацијата, како што беше најавено, се опфатени главните национални цели околу кои партиите треба да се обединат за формирање влада.
На примопредавањето на мандатот заедно со академик Николај Денков присуствуваа копретседателите на Продолжуваме со промените, Асен Василев и Кирил Петков, како и претседателот на пратеничката група на партијата, Андреј Ѓуров.
Николај Денков од 2014 до 2016 година беше заменик-министер за образование во владата на ГЕРБ, а од јануари до мај 2017 година беше министер во истото министерство во владата на Огнен Герџиков. На истата министерска позиција се најде и во првата и втората влада на Стефан Јанев од мај до декември 2021 година.