Помошта ќе стигне преку механизмот за заемна помош, а бугарските екипи ќе помогнат во справувањето со пожарите кај Кочани и Делчево
Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, ќе испрати помош во Северна Македонија за справување со пожарите, објави новинската агенција БГНЕС.
Таа ќе се состои од 25 пожарникари, три противпожарни возила и две амбулантни возила.
Помошта ќе стигне преку механизмот за заемна помош, а бугарските екипи ќе помогнат во справувањето со пожарите кај Кочани и Делчево.
Бугарскиот медиум потсетува дека Јанев вчера во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев најавил дека Бугарија е подготвена да помогне на своите соседи за гаснење на пожарите.