Според информациите на охридската полиција, мажот исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во Охридското Езеро, над селото Трпејца
Педесет и двегодишен бугарски државјанин исчезнал при нуркање во Охридското Езеро.

Исчезнувањето на И.Т. (52) било пријавено денеска околу 13 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид и Езерската полиција. Според информациите на охридската полиција, мажот исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во Охридското Езеро, над селото Трпејца.
„Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвениот крст со нуркачи од нуркачкиот клуб ‘Амфора’“,
велат од СВР Охрид.