Бугарски авион, кој летал од Софија за Мадрид, принудно слетал во францускиот град Ница, јавува бугарската телевизија НОВА. Причината била активација на сигналот за дехерметизација на кабината. Ова за НОВА го потврдиле од „Бугарија Ер„ Од компанијата појасниле дека, според протокол, екипажот бил должен да го приземји авионот и да ги провери системите. Не биле констатирани никакви проблеми и час и половина подоцна авионот полетал за Мадрид.
Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека патниците во авионот се во добра состојба.