Трифонов на Фејсбук најави дека кандидат за премиер на неговата партија ќе биде светската шампионка во шах Антоанета Стефанова, која ќе го прими мандатот, но „веднаш ќе го врати“
Лидерот на втората по големина политичка сила во Бугарија по изборите, „Има таков народ“, Слави Трифонов на Фејсбук објави дека ќе го вратат мандатот за формирање влада бидејќи нема потребен број пратеници или партнери за да обезбеди стабилен парламентарен состав за мнозинство.
Трифонов најави дека кандидат за премиер на неговата партија ќе биде светската шампионка во шах Антоанета Стефанова, која има економско образование и зборува пет јазици, но таа ќе го прими мандатот и веднаш ќе го врати.
„Понудената поддршка е од политички субјекти што се штетни, алчни и докажано дека се компромитирани. И ова не е нивна поддршка, туку зависност“,
напиша Трифонов.
Новите формации во парламентот – „Демократска Бугарија“ и „Исправи се! Мафијата надвор“ – прогласија подготвеност за поддршка на кабинет со мандат на „Има таков народ“, но тие не можат да обезбедат мнозинство од најмалку половина од пратениците.
Старите партии – ГЕРБ, БСП или ДСП – исто така најавија дека ќе гласаат за формирање влада, но досега партијата постојано ја исклучуваше таквата можност.
Во својата објава Трифонов завршува со навестување за предвремени избори: „Законот, Уставот и демократијата ни даваат можност да направиме подобар избор“.
Доколку третата група го врати неисполнет мандатот, Румен Радев ќе мора да назначи привремена влада, да го распушти Националното собрание и да закаже нови парламентарни избори.
Вонредни паралемнтарни избори во јули се најверојатно сценарио за излез од блокадата на 45-от бугарски парламент каде очигледно е дека не може да се состави нова влада, објави 24 Часа по изјави од пратеници од шесте парламентарни партии.
За датумот партиите ги разгледуваат – 11, 18 или 25 јули. За 11 или 18 јули претендираат од ГЕРБ, наведува „24 Часа“. За тие датуми се и од ДПС. Од БСП поверојатно е 1 август.
Првично, мандатот за формирање влада, претседателот Румен Радев му го даде на Даниел Митов, мандатар на ГЕРБ-СДС, но тој за неколку дена го врати бидејќи сите одбија да бидат дел од новата влада што би ја водела ГЕРБ на Борисов.