Од обработени 98,92% од гласовите на дијаспората, најмногу освои Трифонов 30,49%, потоа Демократска Бугарија – 17,60%, ДПС – 13,39%, ГЕРБ со 8,70%, Преродба – 7,37%, БСП за Бугарија – 6,52%, БНО – 5,23%, Исправи се! Излези! – 4,23%, ВМРО – 1,58%
Од преброени 80,88 отсто од гласовите од вчерашните парламентарни избори во Бугарија, партијата ГЕРБ на Бојко Борисов засега освои 25,90%, Има таков народ на Слави Трифонов – 18,04%, БСП 14,91%, Демократска Бугарија – 9,99%, ДПС со 9,56%, Исправи се! Излези!“ – 4,88%.

ВМРО на Красимир Каракачанов сега има 3,52% и останува под прагот од 4 отсто потребен за влез во парламентот, исто како и БНО со 3,08% и Преродба со 2,59% и патриотската коалиција „Волја – НФСБ“ – 2,41%.

Од обработени 98,92% од гласовите на дијаспората, најмногу освои Трифонов 30,49%, потоа Демократска Бугарија – 17,60%, ДПС – 13,39%, ГЕРБ со 8,70%, Преродба – 7,37%, БСП за Бугарија – 6,52%, БНО – 5,23%, Исправи се! Излези! – 4,23%, ВМРО – 1,58%.
Актуелниот премиер Бојко Борисов во своето прво обраќање по завршувањето на изборниот ден предложи формирање експертски кабинет, кој би ја водел државата до излезот од пандемијата до декември, датум по кој, според тоа што може да се протолкува од неговата изјава, би требало да се оди на ново одмерување на политичките сили.
