Вкупно четири лица загинаа во пожар во домот за стари лица „Свети Ѓорѓија“ во областа Сотира, во близина на Варна во Бугарија, соопшти Регионалната полициска управа, а пренесе бугарската телевизија Нова.
Според овие информации, во пожарот загинатите се тројца мажи, на возраст од 70, 73 и 88 години, како и една жена.
Уште една жена која била сместена во домот е во болница и се бори за живот.
Пламените јазици избувнале синоќа неколку минути пред 3:00 часот по полноќ од една од собите во приземјето, а вработените во домот првично се обиделе да го изгаснат пожарот со рачен алат.
Од домот за стари лица евакурани се 20 луѓе. Во домот биле сместени стари и изнемоштени лица, што дополнително ја отежнало евакуацијата, пренесува Нова.