Премиерот Кирил Петков пред малку изјави дека е подготвен да раководи со малцинска влада
Без 25-темина пратеници на партијата на Трифонов, трите преостанати партии во владата на Кирил Петков имаат вкупно 109 пратеници. За мнозинство се неопходни 121 глас во 240-членото Народно собрание
Oд денеска ги повлекувам министрите на Има таков народ и ставам крај на оваа коалиција и оваа агонија, соопшти во видеообраќање лидерот на бугарската политичка партија Има таков народ, Слави Трифонов.
Како што соопшти Трифонов, на овој потег се одлучил од две причини – Република Северна Македонија и тоа што нема пари во државата.
„Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика, поинаква политика од онаа на МНР, различна од Народното собрание, различна од онаа што ја декларира Консултативниот совет за национална безбедност. Премиерот има друг министер за надворешни работи, чие име е Весела Чернева. Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го крене ветото на Република Северна Македонија и прави сè што е можно за тоа да се случи, иако голем дел од бугарските граѓани очекуваат РСМ да го исполни договорот меѓу двете земји. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се нарекува национално предавство“,
вели Трифонов во своето видеообраќање.
Без 25-темина пратеници на партијата на Трифонов, трите преостанати партии во владата на Кирил Петков имаат вкупно 109 пратеници, а за мнозинство се неопходни 121 глас во 240-членото Народно собрание.
Од опозициските партии, ГЕРБ на Бојко Борисов има 59 пратеници, ДПС е со 34 мандати, а Преродба има 13 пратеници.
Премиерот Кирил Петков исто така денеска изјави дека е подготвен да раководи со малцинска влада.