Mинистерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева очекува, во согласност со спецификите на секоја од државите, од 15 јуни да се врати нормалното движење во рамките на Европската унија и со соседните земји кои имаат сличен епидемиолошки ризик.
Таа одговараше на новинарско прашање на БГНЕС дали се очекува укинување на карантинот за бугарските туристи кои патуваат во Турција, Северна Македонија и Албанија, како што веќе се случи за четири други држави на Балканот.
Таа додаде дека на иницијатива на бугарскиот премиер започнале разговори Грција, Романија и Србија, кои се со сличен епидемиолошки ризик, а во контакт се и со Северна Македонија.
Според неа, дури и да се олесни движењето, сето тоа ќе се одвива во физичко растојание, барањата во авионите, хотелите и сите барања што секоја земја ќе ги одреди за периодот на летото.
Таа потсети на препораката од Министерството за надворешни работи до бугарските граѓани да патуваат само во краен случај.
„Европа веќе не е во центарот на кризата, како што беше пред околу три недели. Сега има континенти кои се многу потешко погодени. Не е случајно што Европската комисија издаде препораки до земјите-членки за постепено олабавување на мерките што ги презеде секоја земја поединечно. Една од целите е да се врати слободниот заеднички пазар – едно од најважните достигнувања на Европската унија, но тоа мора да се направи одговорно и со проценет ризик“,
рече Захариева.