Пневмонијата кај децата се развива за неколку дена, велат лекарите, а бројот на примени во бугарските болници се зголемува. Меѓу најмладите пациенти со пневмонија е и бебе старо 40 дена
Во многу делови од Бугарија случаите со грип забележале скок за 50 отсто во последните неколку дена. Ова го покажуваат податоците на Националниот центар за заразни и паразитски болести, а докторите велат дека најлошо поминуваат децата и возрасните над 65 години, пренесува Нова.бг.
Најприсутни се случаи на грип А – сојот „Камбоџа“. Главни симптоми на овој грип се брз пораст на температурата до 38-39 степени, болки во грлото, сува кашлица, замор и болки во мускулите. Медицинските установи ширум Бугарија бележат се поголем број на хоспитализирани деца до 14-годишна возраст со вирусна пневмонија.
Таква е состојбата во Дупница, каде се зафатени речиси сите места во детските одделенија, пишуваат бугарските медиуми.
Прогнозата на главниот државен здравствен инспектор, Ангел Кунчев, всушност е дека овој бран на грип нема долго да трае бидејќи веќе сме на крај на март, кога сезонските вируси слабеат.
Докторката Елка Горанова за бугарската телевизија Нова овели дека најчести пациенти кои периодов се јавуваат кај неа се деца со симптоми слични на грип.
„Доаѓаат со симптоми како течење на носот, кашлица, треска, болки во мускулите и зглобовите. Доколку не се намали температурата до третиот ден и симптомите не се намалат, тогаш бактериската инфекција е веќе акумулирана и треба да се лекува со антибиотици“,
објасни Горанова.
Пневмонијата кај децата се развива за неколку дена, велат лекарите, а бројот на примени во бугарските болници се зголемува. Меѓу најмладите пациенти со пневмонија е и бебе старо 40 дена. Тоа било хоспитализирано во една од двете болници во Дупница.
„Капацитетот на креветите во едниот дел е полн, во другиот има повеќе места. Поголем морбидитет е кај децата меѓу 10-12 години“,
вели Рајна Сапаревска од тамошната болница.
Сепак засега сојот „Камбоџа“ е забележан поминува како класичен грип и нема причина за грижа, изјави главниот државен здравствен инспектор во Бугарија.
„Има и случаи на тешко оштетување на лица кои веројатно се нови за овој вид на вирус, немаат имунитет, па имаат поголем ризик од развој на пневмонија, но генерално се подложни на лекување“,
рече Ангел Кунчев.
За само 14 дена во Бугарија забележано е десеткратно зголемување на бројот на случаи на грип, но сепак здравствените власти не очекуваат бранот да биде интензивен.
Покрај ова, во Бугарија е забележано и зголемување од 1 отсто на бројот на нови случаи со ковид-19, но тамошните експерти велат дека не постои ризик од нов пик на коронавирусот во оваа земја.
