Форумот ќе се одржи в понеделник, 28 март, во бугарската владина резиденција „Бојана“
Бугарскиот премиер Кирил Петков в понеделник ќе биде домаќин на средбата на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во Југоисточна Европа, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Форумот ќе се одржи на 28 март во владината резиденција „Бојана“.
На вонредниот самит на НАТО во Брисел, а во однос на руско-украинските тензии, земјите членки на Алијансата договорија зголемување на притисокот врз Русија.
Како што најави и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, дополнителни трупи на НАТО ќе бидат распоредени во Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка со цел дополнително зајакнување на источното европско крило.
„Првиот чекор е формирање четири нови борбени групи во источниот дел на Алијансата, во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка“,
рече тој.