На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека се договориле наскоро да се сретнат во Будумпешта
Бугарија е подготвена да го отвори својот воздушен простор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин, доколку тој одлучи да отпатува во Будимпешта на средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Ова денеска го изјави шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев по седницата на Советот на Европската унија за надворешни работи во Луксембург, посочувајќи дека ваквите логистички прашања ќе бидат разгледувани кога средбата меѓу Трамп и Путин ќе биде и официјално закажана.

„Прво нека се објави датумот, а потоа можеме да разговараме за техничките детали. Колку што знам, сè уште нема потврден датум“,
рече Георгиев.
Според него, кога се прават напори за постигнување мир, логично е да се обезбедат сите потребни услови за постигнување на таа цел.
На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека се договориле наскоро да се сретнат во Будумпешта.
Информацијата беше потврдена и од официјална Москва.