Сепак, БСП постави пет услови за поддршка на Трифонов
Бугарската социјалистичка партија (БСП) објави дека ќе глааса против предлогот за нова влада на ГЕРБ, а ќе ја поддржат онаа на „Има таков народ“ на Слави Трифонов, но нема да учествуваат во неа, изјави претседателката на опозициската БСП, Корнелија Нинова, по состанокот на раководството на партијата.

Сепак, БСП постави пет услови за поддршка на Трифонов: брзи и континуирани реформи во здравствената заштита, борба против корупцијата, продлабочена анализа на буџетот и задолженоста, транспарентност на процесот на преговори за оперативните програми со ЕУ за програмскиот период 2021 – 2027 година и презентација на ревидиран национален план за закрепнување и одржливост и измени и дополнувања на изборното законодавство со цел да се обезбедат гарантирање на неприкосновеноста на правото на глас на секој гласач и усвојување оперативни мерки за спречување на злоупотребите како што се купување на гласови или групно гласање.
На крајот, Нинова додаде уште еден услов: ако партијата што предлага влада или нејзиниот номиниран кабинет има намера да дејствува по сопствена иницијатива или по иницијатива на нејзините коалициски партнери, а во спротивност со главните политички услови од БСП и изборните заложби, тие нема да ја добијат поддршка од нив.