Дваесетина бугарски парламентарци се казнети денеска поради неносење маски во Парламентот, а здравствените инспектори им одредија казни од по 300 лева.
Дваесет и четири од вкупно 240 пратеници добија казна за непочитување на обврската за покривање на устата и носот.
Министерот за здравство Кирил Аланиев на 22 јуни ги заостри правилата за носење маска во затворено, откако се зголеми бројот на новозаразени со новиот коронавирус.
Од средината на јуни, бројот на заразени во Бугарија рапидно расте и сега изнесува вкупно 5 154.
Претставници од различни политички партии одбија да носат маски, предизвикувајќи тензии во парламентот и се расправаа со оние што носеа заштита.
Пред повеќе од една недела иста ваква казна му беше изречена и на премиерот Бојко Борисов бидејќи влегол во затворен простор без заштитна маска.