Поранешниот премиер Владо Бучковски застана во одбрана на премиерот Зоран Заев и во изјава за порталот „Нова ТВ“ вели века тој е „обвинет“ затоа што од петни жили се бори за европската иднина.
„Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова дежа ву. Јас се обидов во 2006 г., по средбата со бугарскиот премиер Станишев, да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание! Бев дочекан на нож од дел од медиумите. Еве ја насловната страна на најчитаниот печатен медиум дневниот весник ’Дневник‘: Премерот Бучковски ја распродава македонската историја како да е на пазарот Илиенци во Софија! 14 години подоцна пак некој друг (премиер), сега Заев е ’обвинет‘ за распродажба на нашата историја! Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина“,
вели Бучковски за „Нова ТВ“.
Претходно, поранешниот премиер и претседател од редовите на СДСМ, Бранко Црвенковски, пак, во јавно обраќање наведе дека го замрзнува членството во СДСМ и повика итно да се свика ЦО на партијата, оценувајќи дека тезите од интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.