Бугарија и Северна Македонија можат да постигнат договор за време на француското претседателство со Европската унија. Климата сега е подобра за преговори. Постојат шанси преговорите да продолжат следниот месец. Во Софија и во Скопје има групи кои работат против компромисот и преговорите меѓу нашите две земји, изјави за емисијата „Ден во живо“ на бугарската телевизија Нова, Владо Бучковски, поранешниот премиер македонски премиер.
Според него, петте руски дипломати протерани од Скопје стануваат сè поагресивни во нивните обиди да го спречат договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија во желбата на Скопје да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Во однос на неодамнешните резултати од спроведениот попис во земјава, Бучковски посочил дека разликата во издадените пасоши и бројот на Бугари кои аплицирале се должи на тоа што повеќето пасоши се земени од економски причини и овие луѓе повеќе не се во државата.
„Верувам дека сите Бугари кои сакаа да се изјаснат како Бугари за време на пописот го направија тоа“,
истакнал Бучковски.
