Додаде дека тоа е една насока во која се движи предметот „Онкологија“, но дека од Словенија сѐ уште не е пристигнато вештачењето, оти поради обемната документација, оттаму е побаран дополнителен рок преку судијата што преку меѓународна правна помош ја работи постапката
Во моментот нема потежок случајт во Обвинителството од предметот „Онкологија“, затоа што многу судбини се во прашање, рече вечерва во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, одговарајќи на прашање до каде е истрагата за случајот и дали е пристигнато вештачењето од Словенија.
„Што може Обвинителството да направи по тој предмет. Обвинителството може и ќе ги казни сите оние што презеле дејствија што не смееле да ги преземат, во рамки на нивните овластувања, и како лекари и како директор. Потоа, што не направиле, а требало да направат и што направиле, а не смееле да направат. Во таа насока се и вештачењата, а детали од нив ќе бидат презентирани кога ќе имаме соодветен јавнообвинителски акт“,
рече тој.
Додаде дека тоа е една насока во која се движи предметот „Онкологија“, но дека од Словенија се уште не е пристигнато вештачењето, оти поради обемната документација, оттаму е побаран дополнителек рок преку судијата што преку меѓународна правна помош ја работи постапката.
„Тоа е едниот аспект за Онкологија, но тоа нема да го реши проблемот. Ќе се казни некој што направил нешто, но нема да го реши проблемот. Мојот апел е да се соберат сите авторитети, што ја имаат политичката и здравствената моќ. Да ги тргнеме суетите и да видиме што можеме да решиме за овие луѓе“,
вели Бубевски.
Според него, истрагата во овој случај се води за повеќе кривични дела, а за тоа се води вештачење.
„Собрани се сите докази во Македонија. Ние тука немаме вешти лица што би можеле да ги направат овие вештачења, затоа малку и се одолговлечи постапката“,
шефот на ОЈО Скопје.