Околу 1 500 пожарникари и спасувачи се ангажирани во потрагата по луѓето под урнатините, соопшти Министерството за вонредни состојби на Кина. Под урнатините трагаат и околу 200 припадници на армијата. Во земјотресот се оштетени повеќе од илјада згради во оддалечен регион на Тибет, во близина на Монт Еверест
Бројот на загинати во разорниот земјотрес што денеска го погоди хималајскиот регион на Тибет се искачи на најмалку 126 лица. Најмалку 188 други се повредени.
Околу 1 500 пожарникари и спасувачи се ангажирани во потрагата по луѓето под урнатините, соопшти Министерството за вонредни состојби на Кина. Под урнатините трагаат и околу 200 припадници на армијата. Во земјотресот се оштетени повеќе од илјада згради во оддалечен регион на Тибет, во близина на Монт Еверест.
Луѓето од овој регион се соочуваат со дополнителен проблем – ниските температури кои се предвидува дека ќе паднат и на -16 Целзиусови степени во текот на ноќта.
Земјотресот го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет – Шигаце, и е регистриран околу 9:00 часот по локално време. Бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Епицентарот е на околу 75 километри североисточно од Монт Еверест.
Потреси биле почувствувани и во соседен Непал и делови од Индија.
Земјотресот е еден од најсмртоносните што Кина ги видела во последните години.