Министерството за здравство соопшти дека вчера се вакцинирани вкупно 12 939 граѓани, а прва доза вакцина примиле 3 909 граѓани така што вкупниот број вацинирани лица во земјава заклучно со вчера изнесува 519 106 лица.
Според податоците од Министерството, во земјава вкупно се аплицирани 920 442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401 336 граѓани.
„Со последните бројки, 64 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“,
информираат од ресорното Министерство.
Оттаму истакнуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а непречено се одвива и процесот на теренска вакцинација со ротации на медицинските екипи во руралните населени места. За закажување за вакцинирање на деца отворен е сајтот вакцинација.мк.