Вкупната бројка на пациенти на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 368, од кои речиси половината се во Скопје
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 368. Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 50 пациенти, а вкупно се лекуваат 570 болни, сомнителни и потврдени со ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 примени пациенти и 13 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, не се примени нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.
На инфективните одделенија во другите градови се лекуваат 798 пациенти.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 110 пациент позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 70 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 82 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 84, во ковид-центарот во Гостивар 27, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациенти, во Кочани 32 во Кичево 30, Кавадарци 43, а во Гевгелија 18 лица позитивни и сомнителни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
