Таа истакнува дека во моментов е неопходно повторно да се придвижат тие процеси, да се забрзаат напорите и да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана
Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз смета дека треба да се премине на отворање на преговарачката рамка со Европската Унија, и земјата да напредува од сите аспекти.

„Влегувањето на Северна Македонија во НАТО беше голем исчекор и веќе ги гледаме резултатите од тој потег на терен. Затоа нам ни е важен и следниот чекор, Северна Македонија и целиот Западен Балкан да се придвижи кон единствена, безбедна Европа. Тоа значи интеграција во евроатлантските институции. Мислам дека зборувате за вистинската фрустрација, која и јас ја слушам, зашто процесите не се одвиваат доволно брзо“,
истакна Брнз во интервју за ТВ21.
Таа истакнува дека во моментов е неопходно повторно да се придвижат тие процеси, да се забрзаат напорите и да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана.
„Треба да преминеме на отвoрање на преговарaчката рамка со Европската Унија и да напредува од сите аспекти за не само да се усогласи со институциите на ЕУ туку и да се остварат аспирациите кои граѓаните ги имаат долго време“,
истакнува Брнз.

„Очигледно на граѓаните на Северна Македонија им треба исчекор, не им се потребни дополнителни назадувања. САД уште од почетокот беа многу јасни. Го поддржуваме влезот на Северна Македонија во ЕУ“,
порача амбасадорката на САД.
Таа вели дека тоа е стратешки интерес на Северна Македонија, на регионот, на ЕУ, па дури и на САД.
„Постојано и јасно велиме дека сакаме пристапувањето кон ЕУ да се придвижи, колку што може побргу. Мислам дека гледаме единство и решителност во меѓународната заедница, помеѓу САД и европските партнери и во западната заедница во целина, за важноста на продолжувањето. И не само за да се одржи глобалната безбедност туку и да видиме напредок во заедничката агенда за демократија и владеење на правото. А токму тоа ќе се поттикне со влезот на Северна Македонија во ЕУ“,
додава Кејт Мери Брнз во интервју за ТВ21.