Амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз ја поздрави одлуката предвремените парламентарни избори да се закажат за 15 јули.

„Ја поздравувам информацијата дека изборите се закажани за 15 јули. Идниот парламент и влада се соочуваат со исклучителна одговорност што ќе влијае врз иднината на државата, вклучувајќи го и менаџирњето на справувањето со ковид–19, како и пристапните преговори со ЕУ. Очекувам нашето партнерство да продолжи и да се продлабочи“,
напиша амбасадорката Брнз на Твитер.
