Американската амбасадорка Кејт Брнз му порачала на премиерот Оливер Спасовски дека одлуката за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО доаѓа во тешки моменти за сите, но ја покажува посветеноста на земјава да истрае во остварувањето на евроатлантските аспирации и ја потврдува силната поддршка од САД и ЕУ.
Ова го соопштија од Владата, каде што денеска Брз и Спасовски имале средба на која се зборувало и за одлуката за почеток на преговори со ЕУ, како и за актуелната ситуација со коронавирусот.
„Сега имаме јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава, подготвени сме да ги преземе обврските како полноправна членка на НАТО. Се подготвувавме за преговори со ЕУ, сакаме да бидеме успешни и брзи. Преговорите се шанса да ги донесеме европските вредности дома и да ги реформираме нашите институции, што е од корист на сите граѓани“,
рекол Спасовски на средбата.
Амбасадорката Брнз, според владиното соопштение, честитала и за тоа како Владата се справува со коронавирусот.