Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека во Србија досега прва доза на вакцина против ковид-19 примиле вкупно 1,2 милиони граѓани, а 740 илјади се ревакцинирани.
Според податоците што таа денеска ги соопшти околу 21 отсто од полнолетните граѓани на Србија ја имаат примено првата доза.
Брнабиќ најави дека до крајот на годинава Србија ќе започне со производство на две вакцини и тоа на кинеската на производителот „Синофарм“ и на руската „Спутник В“.
Министерството за здравство на Србија информираше дека во последните 24 часа регистрирани се нови 4 226 случаи на ковид-19, а починале 25 лица. Од почетокот на еидемијата во оваа соседна земја потврдени се над 516 илјади ковид-случаи, а досега починале 4 719.
Ова е втор викенд во Србија како на сила се заострени мерки со цел спречување на ширењето на вирусот.