Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостиг на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со подготвеност да се повторат грешките доведоа до големи загуби, се наведува во извештајот на британското разузнавање
За првите три месеци од својата „специјална воена операција“ во Украина, Русија најверојатно претрпи жртви колку Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.
Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со подготвеност да се повторат грешките доведоа до големи загуби, се наведува во извештајот на британското разузнавање.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 23 May 2022
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) May 23, 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/mpZMMMUOI9
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/wTIofOVxC0
Русите продолжуваат да акумулираат загуби во офанзивата на Донбас, додаваат британските разузнавачи во утринскиот извештај.
Руската јавност во минатото покажа дека е чувствителна на загубите во војните. Како што се акумулираат загубите во Украина, тоа ќе стане уште поочигледно, а јавното незадоволство од војната може да се зголеми, како и подготвеноста тоа јавно да се каже, се наведува во извештајот на разузнавачите од британското Министерство за одбрана.