Доминик Раб поднесе оставка од позициите министер за правда и вицепремиер на британската Влада еден ден откако британскиот премиер Риши Сунак ги доби заклучоците од истрагата по жалбите дека малтретирал државни службеници
Вицепремиерот на Велика Британија Доминик Раб денеска поднесе оставка по истрагата по жалбите дека малтретирал државни службеници.
Раб поднесе оставка од позициите министер за правда и вицепремиер на британската Влада еден ден откако британскиот премиер Риши Сунак ги доби заклучоците од истрагата.
Сунак започна петмесечна истрага по бројни поплаки за однесувањето на Раб.
Тој ги негираше тврдењата дека се однесувал недолично кон колегите и рече дека „се однесувал професионално во секој момент“.
Во писмото до премиерот Риши Сунак, објавено на Твитер, Раб напишал дека сè уште ја поддржува владата.
„Јас самиот ја побарав таа истрага и се обврзав да поднесам оставка доколку се утврди дека имало насилничко однесување, без разлика на какво. Важно е да си го одржам зборот“,
напишал тој.
Во писмото Раб го оправдува својот однос кон службениците, велејќи дека министерот има право да бара одговорност од своите соработници за нивната работа, пишува Би-би-си.