Во разговор со „Коалицијата на подготвените“, украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, Стармер изјави дека плановите се подготвени сега, во форма што може да се користи ако се случи примирје

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека „Коалицијата на подготвените“ е подготвена да ги спроведе воените планови што ги подготвувала за поддршка на Украина во случај на прекин на конфликтот со Русија.
Во разговор со Коалицијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, Стармер изјави дека плановите се подготвени сега, во форма што може да се користи ако се случи примирје.
Стармер разговараше со коалицијата еден ден пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.
Британскиот премиер рече дека во претходниот разговор со Трамп е постигнат вистински напредок во безбедносните гаранции за Украина што ќе обезбеди трајност на мирот.
„Во трите години и неколку месеци колку што трае овој конфликт, никогаш не сме биле блиску до вистинско решение за прекин на овој конфликт. А сега ја имаме таа можност, благодарение на постапките на американскиот претседател“,
рече Стармер.
Неформалното име „Коалиција на подготвените“ се однесува на група европски земји, заедно со Австралија, Канада и Нов Зеланд, кои се залагаат за испраќање мировни сили во источна Украина како безбедносна гаранција откако ќе се постигне мир меѓу Киев и Москва.