Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во Парламентот доби зелено светло за законот за Брегзит, што е прв чекор кон исполнување на неговото изборно ветување за напуштање на Европската Унија до 31 јануари.
Пратениците со 358 гласа спрема 234 се изјаснија во корист на второто читање на законот, кој е потребен за ратификување на договорот со Брисел за напуштање на ЕУ.
Следната фаза ќе биде завршена во јануари во Парламентот.