Британското Министерство за одбрана објави најнови разузнавачки информации за руската инвазија на Украина, кои откриваат нови детали за текот на војната.
Според овие информации, во последните неколку дена се одржани и низа на протести во окупираните градови Херсон, Мелитопол и Берднанск.
Објавените извештаи проценуваат дека Русија би можела да организира „референдум“ во Херсон во обид да го легитимизира и тоа подрачје како „отцепена република“, слично како во Донецк, Луганск и Крим.
И вчера се одржани протести во окупираните градови. Како што пренесува британското Министерство, руските трупи наводно пукале за да ги предупредат мирните демонстранти.
Русија наводно поставила и сопствен градоначалник во Мелитпол по киднапирањето на украинскиот градоначалник на 11 март.
„Русија веројатно и натаму ќе се обидува да ја сруши украинската дипломатија, односно ќе се обиде да ја консолидира политичката воена контрола над Украина“,
пишува британското Министерство.