Многу луѓе сакаат да го напуштат Авганистан, плашејќи се од исламските талибански екстремисти кои минатата недела ја презедоа власта во речиси целата земја
Британската армија соопшти дека седум авганистански цивили загинале во немирите во близина на аеродромот во Кабул, каде се уште владее хаос.
Многу луѓе сакаат да го напуштат Авганистан, плашејќи се од исламските талибански екстремисти кои минатата недела ја презедоа власта во речиси целата земја.
Смртта на седум цивили е предизвикана од немири во толпата, за што придонесоа и талибанците кои пукаа во воздух за да ги заплашат и избркаат очајните луѓе кои сакаа да се качат во еден од авионите, објавија медиумите кои сведочеле на настанот.
„Условите на терен се уште се исклучително тешки, но правиме се што можеме за да ја менаџираме ситуацијата што е можно побезбедно“,
соопшти британското Министерство за одбрана.
Амбасадата на САД вчера издаде ново безбедносно предупредување до американските граѓани да не доаѓаат на аеродромот во Кабул додека не добијат индивидуална инструкција од претставниците на Владата од Вашингтон.
И шефот на еврпската дипломатија Јосеп Борел вчера призна дека евакуацијата на персоналот оди тешко и најверојано нема да биде возможна до 31 август поради строгите безбедносни правила кои ги вовеле САД на аеродромот во Кабул.