Англија преку четири неделно затворање ќе се обиде да го спречи ширењето на корнавирусот, Шкотска применува рестриктивни мерки по региони, а Велс и Северна Ирска веќе се делумно затворени.
Британскиот Парламент денеска го одобри едномесечното „заклучување“ на Англија поради ширењето на коронавирусот.
Британските медиуми пренесоа дека пратениците на Долниот дом со 513 гласа „за“ го поддржаа планот на премиерот Борис Џонсон, што треба да го спречи ширењето на коронавирусот да биде неконтролирано и да доведе до колапс на здравствениот систем. Против гласаа 38 пратеници.
Во Англија ќе бидат затворени сите пабови, кафулиња и ресторани, а ќе може само да се зема храна за носење или да се врши достава. Продавниците кои се оценети дека не се неопходни исто така ќе бидат затворени, како и секој вид на забава, но и настани од областа на култура нема да се одржуваат. На граѓаните им се препорачува да седат дома, освен ако имаат неодложна работа, училиштата, универзитетите и колеџите ќе останат отворени.
Во домашни услови забрането е одење по гости и групирање со лица кои не се членови на семејството или заедницата која живее во еден дом. Најмногу може да се групираат по двајца кои не се од исто семејство или кои не живеат заедно, а децата до пет годни не се бројат во групирањето.
Спортувањето и рекреацијата на отворено е дозволена.