Околу 66 570 луѓе починаа од ковид-19 само во март, што е двојно повеќе отколку претходниот месечен рекорд
Болниците се преполни, луѓето умираат додека чекаат на лекување во некои градови, а здравствениот систем е пред колапс во многу области, пренесува Би-би-си
Во Бразил вчера по првпат од почетокот на пандемијата е надмината границата од 4 000 смртни случаи како последица од ковид за еден ден, со пријавени 4 195 починати во последните 24 часа, соопшти тамошното Министерство за здравство.
Со вкупно 336 947 смртни случаи досега, а Бразил, со повеќе од 210 милиони жители, е втор во светот, по САД, по бројот на починати од ковид.
Бразил, исто така, е втор во светот по бројот на заразени, со повеќе од 13 милиони потврдени случаи на инфекција досега и 86 979 во последните 24 часа.
Според статистиката, пандемијата во оваа јужноамериканска земја како да излезе од контрола, со тоа што „црните“ рекорди се уриваат секојдневно во последните неколку недели.
Околу 66 570 луѓе починаа од ковид-19 само во март, што е двојно повеќе отколку претходниот месечен рекорд.
За само шест дена во април биле забележани повеќе од 15 000 смртни случаи или во просек по 2 757 на ден.
Болниците се преполни, луѓето умираат додека чекаат на лекување во некои градови, а здравствениот систем е пред колапс во многу области, пренесува Би-би-си.
Претседателот Жаир Болсонаро продолжува да се спротивставува на какви било рестриктивни мерки за спречување на ширењето на инфекцијата и верува дека штетата врз економијата ќе биде полоша од нив отколку од последиците од самиот вирус, поради што се обиде по судски пат да укине некои од ограничувањата што ги воведоа локалните власти.