Изјавата на Борисов доаѓа на денот кога во Бугарија се одржува вториот круг од претседателските избори. Против кандидат на Радев е професорот Атанас Герџиков кој е поддржан токму од коалицијата ГЕРБ-СДС

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, го обвини претседателот и кандидат за втор мандат, Румен Радев, дека само за една недела успеал да ја скара Бугарија со нејзините соседи.
Од најомилената земја на Балканот, според Борисов, Бугарија сега е скарана со сите соседи и се мрази со Северна Македонија и со Албанија,а се мрази и со Турција и постои реална закана од етнички конфликт и закана од илегални мигранти.
Во изјавата за медиумите, лидерот на ГЕРБ рече и дека е срамно Радев да оди на средбите на врвот на НАТО, да ја раководи иницијативата „Три мориња“ и да кажува потоа, дека Крим ѝ припаѓа на Русија.
Изјавата на Борисов доаѓа на денот кога во Бугарија се одржува вториот круг од претседателските избори. Против кандидат на Радев е професорот Атанас Герџиков кој е поддржан токму од коалицијата ГЕРБ-СДС.
Во првиот круг, Радев беше во убедливо водство пред Герџиков со околу 24 отсто од гласовите. Тој освои нешто повеќе од 49 отсто, додека противкандидатот имаше 25 отсто од освоените гласови.