Бугарскиот премиер ова го изјавил на видеоконференциска средба со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и Швајцарската конфедерација
Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа треба да го сакаат и да биде направено од обете страни.
Ова денеска на својот фејсбук-профил го напиша премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објаснувајќи дека ова го изјавил на видеоконференциска средба со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и Швајцарија.
Намираме се в сериозна ситуация на задълбочаваща се социална и икономическа криза в следствие на пандемията. Трябва…
Posted by Boyko Borissov on Monday, November 23, 2020
Тој во истата објава на социјалната мрежа го искажува ставот на Бугарија за итноста од донесување на буџет на ЕУ и Пакетот за економско закрепнување, со што средствата и програмите ќе можат да почнат да се користат од почетокот на следната година поради сериозна ситуација на продлабочена социјална и економска криза како резултат на пандемијата.
Унгарија и Полска го блокираат нацрт-буџетот на Унијата за 2021-2027 година во износ од 1,07 трилион евра, во знак на протест против одлуката за формирање механизам за следење на усогласеноста со владеењето на правото во земјите од Унијата во 2021 година, со што буџетските средства ќе се распределуваат врз основа на резултатите од ова набљудување.