Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел денеска го поздрави постигнатиот дговор за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

„Го поздравувам договорот постигнат меѓу политичките партии во Северна Македонија за одржување на парламентарните избори на 15 јули. Се надевам на кредибилни избори и дека земјата ќе продолжи да се движи напред по европскиот пат“,
објави Борел н Твитер.
Претходно на социјалната мрежа позитивен коментар напиша и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
