Шефот на европската дипломатија не откри никакви детали за нападот, ниту дали амбасадорот е повреден
Во Судан денеска трет ден по ред продолжуваат судирите меѓу армијата и паравоените сили на генералот Мохамед Хамдан Дагл (РСФ). Според последните извештаи на ОН, во борбите загинале најмалку 185 лица, а повеќе од 1 800 се ранети
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, вечерва на својот профил на Твитер објави дека европскиот амбасадор во Судан бил нападнат во својата резиденција.
Борел не откри никакви детали за нападот, ниту дали амбасадорот е повреден.
„Пред неколку часа, амбасадорот на ЕУ во Судан беше нападнат во сопствената резиденција. Ова претставува грубо кршење на Виенската конвенција. Обезбедувањето на дипломатските простории и персоналот е примарна одговорност на суданските власти и обврска според меѓународното право“,
пишува Борел на Твитер.
A few hours ago, the EU Ambassador in #Sudan was assaulted in his own residency.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) April 17, 2023
This constitues a gross violation of the Vienna Convention. Security of diplomatic premises and staff is a primary responsibility of Sudanese authorities and an obligation under international law.
Иако Борел не го именуваше, Би-би-си пишува дека евроамбасадор во Судан е Ајдан О’Хара.
Во Судан денеска трет ден по ред продолжуваат судирите меѓу армијата и паравоените сили на генералот Мохамед Хамдан Дагл (РСФ). Според последните извештаи на ОН, во борбите загинале најмалку 185 лица, а повеќе од 1 800 се ранети.
Насилството во Судан избувна на 15 април по неколкудневна тензија околу прашањето и патоказот како да биде изведена транзицијата на земјата кон цивилно владеење. Една од главните пречки се плановите за интегрирање на РСФ која брои 100 000 војници во армијата и прашањето кој потоа ќе ги води новите сили.
Проценките велат дека конфронтацијата и продолжувањето на судирите може да го втурне Судан во поширок конфликт додека земјата се бори со економски колапс и племенско насилство.