Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Бојан Јовановски-Боки 13 да излезе од притвор од затворот во Шуто Оризари, каде што се наоѓа како обвинет за случајот „Рекет“.
Апелациските судии ја одбиле жалбата како неоснована, а Боки 13 нема право на жалба против нивното решение, соопштија попладнево од судот.
Боки 13 е единствениот обвинет кој се наоѓа во затворот во Шуто Оризари, Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец се во куќен притвор.
Тие вчера заедно седнаа на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што се одржа првото судско рочиште за „Рекет“.
Кичеец вчера призна вина, а денеска беше осуден на три години затвор.
Боки 13 и Јанева, пак, не признаа вина и в петок продолжува судењето кога ќе сведочат Ана и Орце Камчеви.
Како помина вчерашното прво рочиште за „Рекет“, прочитајте ТУКА.