Тој вели дека Камчев во договор со Русковска наместо 20 години добил една година затвор, а тврди и дека тој иако не ја оштетил државата и без доказ против него е осуден на 18 години затвор
Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на социјалните мрежи реагираше во врска со спогодбата на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“, според која треба да одлежи една година затвор и да 5,2 милиони евра.
Според Јовановски, ваквата спогодба е „доказ за пазарењата и малверзациите на Камчев за спас од сите криминали“.
„Браво, алал вера!!!Е тоа е кога ти е жирант Вилма Русковска!!!Од денеска е се јасно како бел ден!!! Внимание: Токму за спогодба која никогаш не се случила се до денеска и олеснување на позицијата на Камчев како обвинет во Империја која никогаш не била олеснета се до денеска, ние сме осудени за случајот Рекет!!! Оваа веќе верифицирана спогодба аминувана од Русковска, Јовевски, Стефанова и Основниот кривичен суд е доказ за пазарењето и малверзациите на Камчев за спас од сите негови криминали. Денеска се потврди зошто е направен и конструиран предметот Рекет и зошто сме ние осудени !!!Камчев како првоосомничен во Империја се теретеше за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело“,
пишува Јовановски.
Тој вели дека Камчев во договор со Русковска наместо 20 години добил една година затвор, а тврди и дека тој иако не ја оштетил државата и без доказ против него е осуден на 18 години затвор.
„Камчев како првоосомничен во Империја се теретеше за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. За оштета на државата од мулти-милионска вредност, каде запретената казна затвор е до 20 години, а доби 1 година затвор (као демек, бидејќи после ќе добие амнестија и нема да лежи ни еден ден) и решил “бизнисменот” во договор со жирантот Русковска да врати само еден мал дел од украдените пари во износ од 5 милиони, а јас без ниедно евро оштета кон државата и без еден доказ за било какво кривично дело, осуден сум на 18 години затвор!!! Браво мајстори на „правдата“, алал вера !!! и сега на крај, еве јас ја прашувам Русковска, каде е фамозната Луј Витон чанта??? И уште еден предлог да влеземе во домовите на Русковска, Стефанова и Јовевски може ќе најдеме некоја гарнитура, нова и модерна ! После оваа бесконечна брука, бескомпромисно барам ново фер судење за (денеска докажано) конструираниот предмет Рекет До конечна правда !!! Рекет е паднат !!!“,
се вели во објавата на Јовановски.
