Според дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, досега се издадени 1,3 милион пасоши, а МВР располага со ресурси кои до крајот на август може да го заврши издавањето на документите
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, вели дека косовскиот, албанскиот и српскиот амбасадор го информирале дека од нивна страна луѓето можат да транзитираат.
Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, тој посочи дека во дописот добиен од ЕУ, пишува дека ЕК се изјаснила оти нема надлежност да одлучува за индивидуалните постапувања на земјите членки на ЕУ односно дека секоја земја ќе одлучува самостојно.
„Доколку ЕУ и стратешките партнери одлучат и донесат одлука дека со промена на законот нема никакви негативни импликации на патот на Македонија кон ЕУ, измените на законот ќе бидат изгласани,“
истакна заменик-министерот Бојмацалиев.
Тој смета дека во 2021 и 2022 година во декември и јануари околу 50.000 луѓе поднеле барање за смена на одреден личен документ, а бројките бие ниски поради политичката битка на социјалните медиуми и телевизиите, дека одредени политички субјекти ќе го укинат Преспанскиот договор, името нема да се смени и до моментите кога граѓаните увиделе, а и самите политичари признале дека нема да го менуваат Преспанскиот договор, МВР прима во декември и јануари над 170 000 апликации.
Бојмацалиев истакна дека МВР кога го правела планот се извадиле податоци дека има 1,8 милиони граѓани кои поседуваат патна исправа. И направила рамковна спогодба дека ќе обезбеди 2 милиони обрасци. И досега заедно со последната тура од 140 000 заедно со претходните 85 000, се пристигнати 1,7 милиони обрасци. Тој потенцираше дека МВР била спремна со сите сценарија и кога имало 20 000 и кога имало 2 000 и кога имало 170.000 побарувања.
„Тендерот е направен според податоците колку граѓани во систем имаат патни исправи, без разлика каде се наоѓаат, дали тука или во дијаспората. Во самата тендер нарачка има рокови и тие рокови се испочитуваа. Со вчерашната нарачка и таа што ќе дојде наредната недела, обрасците стигаат на време. Институциите и државата навремено го почнаа процесот со промена на документите“,
потенцира Бојмацалиев.
Според него, досега се издадени 1,3 милиони пасоши, а МВР располага со ресурси кои до крајот на август може да го заврши издавањето на документите.
Во однос на пречекот на обрасците, настан кој беше под силна критика, тој посочи дека не се работи за никаков свечен пречек на пратката со ново пристигнатите обрасци, туку дека тоа е направено од неколку причини, особено бидејќи изминативе фигурирале лажни вести како „не доаѓаат обрасци“, „толкав број имаме“.
„Тоа беше направено да им покажам на граѓаните дека тоа што го говорам последните денови дека пратката ќе дојде до четврток или петок, во таа бројка, дека тоа што го зборувам е навистина така и дека не се занимавам со ситни политички поени на дневна основа или лајк на ФБ. Тоа е една од главните причини, да покажам на македонската јавност дека работиме одговорно и транспарентно. Она што го пишуваме на ФБ и кажуваме денес тука, дека тоа е навистина така“,
рече Бојмацалиев.
