Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со донесувањето на овој закон, според подносителите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се отстрануваат идни евентуални штетни последици од законските измени на овој законик донесени во септември 2023 година и се подобруваат одредени одредби, со што се врши усогласување со европските и меѓународните стандарди кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и корупција
Со 83 гласа „за“, Собранието денеска ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) на чие чело ќе застане поранешниот министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ. За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти дека кандидатката Џихан Ахмед се откажала од кандидатурата.
Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со донесувањето на овој закон, според подносителите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се отстрануваат идни евентуални штетни последици од законските измени на овој законик донесени во септември 2023 година и се подобруваат одредени одредби со што се врши усогласување со европските и меѓународните стандарди кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и корупција. Пратениците на Левица беа против законското решение со образложение дека се носи во интерес на функционерите од владејачкото мнозинство.
Пратениците не го прифатија предлог-законот за изменување на Законот за енергетика, поднесен од Левица, со кој се бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а нејзините надлежности да поминат во Министерството за енергетика.
