Поради блокадите, косовската полиција соопшти дека ги затворила граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ за патници и возила и ги информира граѓаните да користат алтернативни патишта
Блокадите на ковските магистрални патишта доаѓаат еден ден пред стапувањето во сила на двете одлуки на Владата на Косово за пререгистрација на српските регистарски таблички и лични документи. Владата на Косово најави дека од 1 август ќе започне со издавање таканаречени документи за влез-излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово. Овој документ ќе се издава на сите копнени и воздушни премини и ќе важи 90 дена, исто како документот што српските власти им го издаваат на граѓаните на Косово при влез во Србија
Локалните Срби на северот на Косово со барикади и камиони го блокираа северниот дел на земјата, откако Приштина најави дека од утре почнува да ја применува одлуката за пререгистрација на возилата и личните карти на српските граѓани кои ќе влегуваат во Косово.
Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, за РСЕ потврдил дека главниот пат Приштина-Рашка е блокиран во местото Рударе. Селото Рударе се наоѓа на пет километри од Митровица. Хоти рекол дека блокада е поставена и во селото Жупче кое се наоѓа во близина на магистралниот пат Брњак-Митровица.
Поради блокадите, косовската полиција соопшти дека ги затворила граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ за патници и возила и ги информира граѓаните да користат алтернативни патишта.
Барикаде Рударе https://t.co/M13r4bGrpI pic.twitter.com/6NIvMMf7oE
— Филип Фићовић 1244 (@FicovicFilip) July 31, 2022
Во меѓувреме, во Северна Митровица се слушнале сирени кои вообичаено се свират кога се повикува на некаков собир и организација. Бесим Хоти од косовската полиција за РСЕ потврдил дека во оваа општина се слушале сирени, но се уште не се знае што ќе биде понатаму.
Блокадите на ковските магистрални патишта доаѓаат еден ден пред стапувањето во сила на двете одлуки на Владата на Косово за пререгистрација на српските регистарски таблички и документи.
Владата на Косово најави дека од 1 август ќе започне со издавање таканаречени документи за влез-излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово. Овој документ ќе се издава на сите копнени и воздушни премини и ќе важи 90 дена, исто како документот што српските власти им го издаваат на граѓаните на Косово при влез во Србија. Документот ќе го добијат и лицата помлади од 16 години кои немаат документ за идентификација, но мора да имаат извод од матична книга на родените.
„Нема да им ги земаме документите на луѓето кои доаѓаат од Србија во Косово, туку ќе им додадеме декларација. Значи, тие доаѓаат со документи издадени од Србија, а ние нема да им ги земаме, туку им издаваме декларација, затоа што 11 години Србија се однесува на ист начин со секој граѓанин на нашата Република кога ќе ја премине границата и ќе оди во Србија. Така, од утре ќе имаат уште еден документ“,
изјави на 31 јули косовскиот премиер Албин Курти.
Исто така, од утре во сила треба да стапи и одлуката за пререгистрација на автомобилите со акронимите на градовите од Косово, издадени од Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 31 јули изјави дека Косово се повикува на член 3 од Договорот за слобода на движење, кој Приштина и Белград го постигнаа како дел од дијалогот со посредство на Европската Унија. Сепак, според него, тој напис не може да се однесува на Србите кои живеат на северот на Косово. Вучиќ ги повика Србите во Косово да останат смирени, но додаде дека се плаши од нивната реакција, без да појасни за каква реакција станува збор.