Денеска се очекува Сенатот да одржи нови рунди гласања, додека Претставничкиот дом, односно другиот дом во Конгресот на САД за оваа недела нема закажано пленарна седница, иако може да се состане во зависност од околностите
Влегувајќи во својот 36. ден, блокадата на федералната влада на Соединетите Американски Држави (САД) стана најдолгата во историјата на земјата, бидејќи Конгресот продолжува со неуспешните обиди да го донесе федералниот буџет, пренесуваат светските медиуми.

Претходно, најдолгата блокада во историјата на федералната влада на САД беше за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, кога голем дел од активностите на сојузно ниво беа затворени повеќе од пет недели, односно кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.
Колку ќе трае блокадата зависи од дали демократите и републиканците ќе постигнат договор за сојузниот буџетот.
Денеска се очекува Сенатот да одржи нови рунди гласања, додека Претставничкиот дом, односно другиот дом во Конгресот на САД за оваа недела нема закажано пленарна седница, иако може да се состане во зависност од околностите.
Инаку, затворањето ја остави федералната влада без средства за водење на своите секојдневни операции и исплата на плати.
Федералните трошоци практично се запрени, а многу државни агенции и институции се во опасност од колапс поради настаната ситуација.
Од блокадата не се засегнати само оние агенции чие функционирање се смета за неопходно.
Настаната ситуација, според медиумите, се повеќе почнува да се чувствува во секојдневниот живот во Соединетите Американски Држави.
Голем број федерални работници немаат добиено плата од октомври, а долгите редици се редовна слика на некои од аеродромите во земјата, бидејќи пријавувањето не се одвива по вообичаената динамика. Бројни летови се откажуваат секојдневно поради недостиг на контролори на летање кои веќе бараа нови работни места.
Оние кои зависат од програмите за помош во храна во моментов мора да чекаат подолго за неа, а институциите кои не се сметаат за неопходни мораа да ги затворат или да ги испратат своите вработени на принуден одмор.
Конгресот на САД требаше да се согласи за нов федерален буџет до крајот на септември, но привремениот буџетски предлог што дојде од Републиканската партија на Трамп не го доби потребното мнозинство.
Претходно беше отфрлен предлогот за буџет на демократите.
Затворањето на владините служби почна откако не успеа гласањето во Сенатот за планот за финансирање на федералната влада. За планот гласаа 55 членови на Сенатот, додека 45 беа „против“. За усвојување на планот за финансирање е потребна поддршката од најмалку 60 сенатори од вкупно 100, колку што брои Сенатот
