Американскиот државен секретар исто така, зборуваше за репресијата на Кремљ во рамките на сопствените граници, опишувајќи го „затворањето на организациите за човекови права“, малтретирањето на активистите и политичките противници и репресиите во медиумите
Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, во денешното обраќање во ОН, го доведе во прашање членството на Русија во Советот за човекови права на Светската организација.
„Може разумно да се запраша дали една на земја-членка на ОН, која се обидува да освои друга земја-членка на ОН – додека врши ужасни прекршувања на човековите права и предизвикува огромно хуманитарно страдање – треба да и се дозволи да остане во овој совет?“,
рече тој.
Тој повика на цврста и недвосмислена осуда на обидот на Русија да собори демократски избрана влада и нејзините груби прекршувања на човековите права.
Тој, исто така, зборуваше за репресијата на Кремљ во рамките на сопствените граници, опишувајќи го „затворањето на организациите за човекови права“, малтретирањето на активистите и политичките противници и репресиите во медиумите.