Во тек се вистински напори за реформирање на палестинската управа, која ја има власта на Западниот Брег, но не и на Газа со која владее Хамас, рече меѓу другото американскиот државен секретар Ентони Блинкен
Во следните месеци Израел ќе има огромна можност да се интегрира во регионот оти арапските земји се подготвени за нормализација на односите, рече денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен на панел на Минхенската безбедносна конференција, со што конечно би можело еднаш засекогаш да се прекине циклусот на насилство на Блискиот Исток.
„Почнувајќи од фактот дека практично секоја арапска земја сега генерално сака да го интегрира Израел во регионот, да ги нормализира односите ако веќе не го сториле тоа, да создаде безбедносни гаранции и обврски, за Израел да се чувствува посигурен”,
кажа Блинкен.
Покрај можноста за нормализирање на односите, Блинкен говореше и за итната потреба за создавање на палестинска држава која ќе ја гарантира безбедноста на Израел, и дека тековно се одвиваат вистински активности и напори за реформирање на палестинската управа која владее на Западниот Брег, но не и во Појасот Газа.
„Има нови факти што претходно не постоеја“,
рече американскиот државен секретар.