„Во моментов за ценовен шок не можеме конкретно да кажеме, ќе почекаме зашто ова е на почеток. Ние сме мала економија, сите глобални, светски потреси и случувања се рефлектираат кај нас“, вели претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во Стопанската комора, Габриела Кулебанова
Сè уште не може конкретно да се каже дали воениот конфликт меѓу Израел и Иран ќе предизвика ценовен шок во земјава, смета претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во Стопанската комора, Габриела Кулебанова. Рече дека конфликтот е на почеток и не може да се предвиди дали ќе следи ценовен шок.

„Имаме последователни кризи. Војните траат, но во моментов за ценовен шок не можеме конкретно да кажеме, ќе почекаме зашто ова е на почеток. Ние сме мала економија, сите глобални, светски потреси и случувања се рефлектираат кај нас“,
изјави Кулебанова.
Претходно во петокот претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, рече дека смета оти војната помеѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата во Македонија, но дека не очекува влијание на цените на другите продукти.
Израел минатата недела изврши серија напади врз Иран, гаѓајќи нуклеарни и воени објекти, по што Иран возврати.