Во текот на вчерашниот ден во претпладневните часови А.Ч. (26) од битолското село Црнобуки, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварска регистрација, изгубил контрола и удрил во куќа, информираат од МВР.
Според овие информации, во несреќата возачот се здобил со тешки повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.
На местото на несреќата извршен бил увид од екипа од СВР Битола.