Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со трговскиот пратеник за Западен Балкан на премиерот Борис Џонсон, Мартин Викерс.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Битиќи, се разговарало за повеќе теми кои се од обостран економски интерес на двете пријателски земји, при што е констатирано дека Обединетото Кралство е вториот најголем економски партнер на нашата земја.
Викерс ја потврди поддршката на Обединетото Кралство во нашите евроинтегративни процеси, но и поддршката во остварување на зелената агенда на Северна Македонија, посебно преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.
Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари и за поддршката која нашата земја ја има од Обединетото Кралство во првата фаза од подготовката на Националната развојна стратегија 2021-2041, се додава во соопштението од кабинетот на министерот.